Тешка сообраќајна несреќа на булеварот Борис Трајковски

На 03.04.2021 во 11.05 чaсот било пријавено дека во Скопје на бул.„Борис Трајковски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „сузуки витара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(75) од Скопје и патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(21) од Скопје.

Во незгодата сопатничката од возилото “бмв“ М.Б.(20) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, а Е.К. се здобил со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.