Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје

Вчера на автопатот Куманово-Скопје во судир на БМВ и камион повредени се возачот и сопатничката на автомобилот. 

На 18 август околу 14 часот на автопатот Куманово-Скопје, во селo Романовце, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил БМВ,  со бугарска национална ознака, управуван од З.С. (44) од Куманово и камион ман, со српска национална ознака, управуван  од М.И. (25) од Србија.

Во незгодата возачот на автомобилот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Здравствена установа-Куманово е префрлен во Ургентен центар Скопје, додека сопатничката од истото возило С.С. (43) од Куманово, се здобила со телесни повреди и била пренесена и задржана на лекување во ЈЗУ-Куманово.

Увид на местото на настанот извршила екипа од кумановската полиција.