Тешка сообраќајка во тетовско, повредени малолетник и уште едно младо момче

Се судрија две возила и мотоцикл во тетовско. Повредени се малолетник и неговиот сопатник на мотоциклот. 

На 21.05.2023 во 21,20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во с.Џепчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген тигуан“, управувано од Б.Б.(68) од с.Џепчиште, мотоцикл, управуван 17- годишник од Тетово и патничко возило „фиат“, управувано од Н.Н.(74) од с.Џепчиште, трите со тетовски регистарски ознаки.

По несреќата возачот на моторциклот и неговиот сопатник А.М.(21) од с.Џепчиште биле пренесени во Клиничка болница Тетово, каде им биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти полицијата. 

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Тетово.