Тешка сообраќајка во скопско Ново Село, има и повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во скопската населба Ново Село. Според неофицијалните информации има и повредени.

Веста беше објавена на фејсбук страната „Ѓорче Петров“ од каде потенцираат дека причината за несреќата е новиот објект кој нема паркинг, а во кој е лоциран голем супер маркет. 

- За да знаат институциите, ова е втора посериозна несреќа за кратко време од кога е отворен големиот маркет на самата главна улица, проблемот е што маркетот нема паркинг за потрошуваците и возилата ги паркираат на самата автобуска станица која е пред самиот влез на маркетот и автобусите неможат да се застанат за патници и застануваат на самата улица, се вели во фејсбук објавата.