Тешка сообраќајка во скопски Бутел

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера се случила на улицата „Босна и Херцеговина“ во скопски Бутел.

Од МВР известуваат дека во несреќата учествувале мотоцикл “Хонда ЦРВ-600“ управуван од А.М.(39) од Скопје и товарно моторно возило “Пежо Боксер“ со скопски регистерски таблици управувано од С.Р.(36) од Скопје.

-Во незгодата А.М. се здобил со повреди по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ заради укажување на лекарска помош. Од страна на лекар биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош истиот бил задржан на понатамошно лекување, информираат од полицијата.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, се работи на целосно расчистување на случајот.