Тешка сообраќајка во Скопје, повредени 4 лица

Вчера околу 21:45 часот на крстосницата од  улиците „Борис  Трајковски“ и  „Трајко  Иванов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  Д.П.(46) од Скопје и патничко возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(71) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.Д. и Н.Д.(67) од Скопје, сопатничката во возилото „Фиат Добло“. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Возачот Д.П. и В.П.(42)  од Скопје, сопатничка во возилото „Фолксваген Пасат“, се здобиле со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.