Тешка сообраќајка во Скопје - 5 лица повредeни, меѓу кои и шестгодишно дете

Пет лица, меѓу кои и 6-годишно дете се здобиле со повреди при сообраќајна несреќа која се случила во Скопје.

-Вчера во 10:30 часот на крстосница од ул.„Јустинијан Први“ со ул.„Славка Динкова“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген шаран“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(46) од село Студеничани и патничко возило „фолскваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(30) од село Студеничани. Во незгодата, со повреди се здобиле возачот А.М. и шестгодишник, додека А.А.(30) од село Студеничани се здобила со тешки телесни повреди, и двајцата сопатници во возилото „фолскваген голф“. Повредите се констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што повредените биле пренесени за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје - информира МВР.