Тешка сообраќајка во Сарај, загина 21 годишен мотоциклист

Дваесет и едно годишно момче од скопско Паничари го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 22.56 часот во скопски Сарај.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале „фиат стило“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(43) од с.Сарај и мотоцикл „хонда ЦР-В 1000“, без регистарски таблички, управувано од Ш.О.(21) од Паничари.

-Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починал, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.