Тешка сообраќајка во Сарај, осумгодишно дете заврши на Клинички

Во текот на вчерашниот ден во 18:05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во с.Сарај патничко моторно возило “Цитроен Берлинго“ со скопски регистерски таблици, управувано од Ј.И.(32) од с.Љубин-скопско, удрило во дете-пешак на возраст од осум години од с.Сарај.

По незгодата детето било пренесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на настанот.