Тешка сообраќајка во Нерези, прегазена тинејџерка

Осумнаесет годишна девојка е тешко повредена откако била удрена од автомобил.

ОД МВР информираат дека несреќата се случила синоќа во 23 часот на крстосницата од улицата “Војвода Васил Чакаларов“ и улицата “Козле-6“ кога “Пежо 106“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ѓ.З.(61) од Скопје удрило во И.Д.(18) од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила И.Д., која била пренесена во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР Скопје.