Тешка сообраќајка во Кисела Вода, мотоциклист заврши на Ургентен (ФОТО)

Мотоциклист е повреден во тешка сообраќајна несреќа која околу пладне се случила на булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода.

Возачот на моторот, чиј идентитет не е познат, со повреди е пренесен во Ургентниот центар. Засега нема информации за карактерот за повредите.

Полицијата е на местото на несреќата и врши увид, по што ќе бидат познати повеќе детали.

фото: Фејсбук