Тешка сообраќајка во Кисела Вода

Страшна сообраќајна несреќа се случи вчера на булеварот „Борис Трајковски" во Кисела Вода. Очевидци информираат дека дошло до судир помеѓу автомобил и моторцикл, при што моторот целосно бил искршен, за што говорат разлетаните делови кај Чешма во Кисела Вода.

Засега не се знае колку лица се повредени и каква им е состојбата, ниту како дошло до несреќата. 

Полицискиот изврши увид на местото на настани, се очекуваат подетални информации наскоро.