Тешка сообраќајка во Чаир околу полноќ

Карамбол вечеравечер, околу полноќ, во скопски Чаир кај паркот на булеварот Кристијан Тодоровски Карпош.

Според првичните информации од ТВ21 од терен, се судриле пет возила, а сообраќајот бил во прекин.

МВР извршила увид на местото на сообраќајката, а пристигнала и екипа на Брзата помош. Се очекуваат официјални информации од МВР во текот на денот.