Тешка сообраќајка во близина на Визбегово

Доцна синоќа во полиција било пријавено дека во близина на Визбегово се случила сообраќајна несреќа во која биле повредени неколку лица. 

Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „Св.Наум Охридски”, се здобиле двајцата мотоциклисти и двајца сопатници на мотоциклите, С.Е.(19) и 15-годишник од Скопје.

Според пријавата, на ул.„2″ во с.Визбегово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Х.(26) од Скопје, мотоцикл „хонда”, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ј.З.(18) од Скопје и мопед „лифан” со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје.