Тешка сообраќајка во Автокоманда, тешко повредена скопјанка

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера на булеварот „Александар Македонски“ во населбата Автокоманда се случила сообраќајна незгода во која со тешки телесни повреди се здобила Л.З. од Скопје. 

Вчера во 13.00 часот на булевар „Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес Вито“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(21) од с.Арачиново, скопско и патничко возило  „Мазда ЦХ-3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.З.(65) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Л.З. и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ каде и била  укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.