Тешка сообраќајка во Аеродром, две лица со тешки телесни повреди завршиле на Клиника

Рано утрово околу 04 часот во Скопје на крстосницата меѓу булевар „Србија“, булевар .„Јане Сандански“ и булевар .„В.С.- Бато“, се случила сообраќајна незгода во која М.И. (34) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото и излетала од коловозот.

М.И. и сопатникот Т.А. (42) од Скопје биле пренесени во Ургентен центар – Скопје, каде на М.И. и се констатирани тешки телесни повреди, додека кај Т.А. се констатирани телесни повреди.