11-годишно детенце загина, а мајката е тешко повредена во сообраќајна незгода која вечерва се случи во Велес.
Сообраќајката се случила на пешачки премин во близина на училиштето Васил Главинов. Според првичните информации возачот на автомобилот избегал од местото на несреќата.
Неофицијално на местото на несреќата пронајдени се регистарските таблички на возилото, а полицијата трага по сторителот на сообраќајната незгода.
Од Министерството за внатрешни работи се уште нема официјална потврда на настанот и повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден, но на социјалните мрежи веќе се зборува за несреќата:
Во Велес некоја гнаса со бел Мерцедес удрило 11 годишно дете и неговата мајка на пешачки премин. Детето на лице место починува, мајката се бори за живот. Копилето избегало
— Упм Па Лево (@UpmPaLevo) December 17, 2022
Статистичките податоци говорат за постојан пораст на процентот на сообраќајни незгоди во кои се жртви деца, и тоа најчесто како индиректни учесници во сообраќајот.