Тешка сообраќајка вечерва на скопската обиколница кај Радишани: Едно лице го загуби животот, неколкумина се повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на скопската обиколница на клучката за Радишани, објави Република.

Во несреќата учествувале две патнички возила, а едно лице е починато, додека повеќе лица се повредени, пренесува Република.

На пат кон местото се упатени повеќе амбулатни возила, а полицијата веќе го обезбедува местото.

Неофицијално, станува збор за сопатничка која се превезувала на моторцикл, кој удрил во автомобил. Според првичните информации, женско лице е загинатото лице.

во живо Тешка сообраќајка во Радишани

Posted by infomax.mk on Sunday, June 26, 2022