Тешка сообраќајка утрово кај „Веро“ во Тафталиџе - има и повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на раскрсницата кај „Веро“ во Тафталиџе поради што сообраќајот е во голем застој во овој дел од градот. 

Според информациите на очевидци, се судриле мотоцикл и возило „бмв x3“, а на терен интервенирала на екипа на Брзата помош. 

Мотоциклистот е пренесен на Ургентен, а за состојбата на останатите учесници во сообраќајката не се знае. 

Повеќе информации од надлежните се очекуваат во текот на денот.