Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на раскрсницата кај „Веро“ во Тафталиџе поради што сообраќајот е во голем застој во овој дел од градот.
Според информациите на очевидци, се судриле мотоцикл и возило „бмв x3“, а на терен интервенирала на екипа на Брзата помош.
Мотоциклистот е пренесен на Ургентен, а за состојбата на останатите учесници во сообраќајката не се знае.
Повеќе информации од надлежните се очекуваат во текот на денот.