Тешка сообраќајка: Скопјанец се бори за живот

Во 07 часот и 45 минути на улицата „Александар Урдаревски“, во близина на кружниот тек, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шевролет спарк“ со скопски регистерски таблици управувано од 28-годишниот А.А. од Скопје и моторцикл „Џонвеј“ со скопски регистерски таблици управуван од 38-годишниот Т.А. од Скопје.

По незгодата мотоциклистот бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.