Тешка сообраќајка: Се судрија три автомобили и мотор

Три автомобила и мотор учествувале во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на крстосницата од ул.„Бутелска“ и ул.„Љуботенски пат“.

МВР информира дека во несреќата учествувале „Ауди А4“ управувано од Д.Д.(37) од Скопје, мотоцикл „пијаџо беверли“ управуван од А.П.(33) од Скопје, „Фиат брава“ управуван од Д.Ц.(31) од Скопје и „Рено клио“ управувано од Љ.В.(65) од Скопје. Сите возила се со скопски регистерски ознаки.

-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.