Тешка сообраќајка помеѓу три автомобили во Скопје, едниот возач избегал

Вчера, на ул.„3“ во селото Студеничани, скопско, се случила сообраќајна несреќа.

Според првичните информации добиени од МВР, во сударот учествувало товарно возило „фолксваген“, управувано од Г.Ѓ.(68) од Скопје, патничко возило „фиат“, управувано од Ш.И.(41) од Скопје и патничко возило „мерцедес“, кое го напуштило местото, сите со скопски регистарски ознаки.

Во извештајот на МВР се наведува дека по несреќата, возачот Ш.И. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

До сега нема нови информации поврзани со случајот и не е познато третото лице кое учествувало во сообраќајката. Од МВР информираа дека увид на местото на несреќата бил извршен од екипа од СВР Скопје.