Тешка сообраќајка помеѓу автомобил и моторцикл во Скопје

На 27.06.2020 во 06.45 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Горно Лисиче“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(76) од Скопје и моторцикл „меидуо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(34) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.