Тешка сообраќајка ноќеска на патот меѓу Стража и Гостивар, неофицијално има загинати

Тешка сообраќајна несреќа се случила доцна синоќа на патот Кичево-Гостивар, на потегот меѓу каменоломите во близина на Гостивар и градот, а патот бил целосно затворен.

Според информаците од очевидци, во несреќата има загинати и повредени луѓе.

Возачите, околу полноќ, во насока од Стража кон Гостивар беа пренасочувани на локални патишта во гостиварско, а додека траеше увидот, патот беше затворен подолго време.

Засега нема официјални информации од МВР за несреќата.