Тешка сообраќајка на скопската обиколница (видео)

Вчера во 19,00 часот на обиколницата на град Скопје, во атар на село Волково, се случила сообраќајна незгода, каде 53-годишниот А.С. од тетовското село Горно Седларце се здобил со тешки повреди.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале товарно моторно возило „Ивеко“ со тетовски регистарски ознаки, со приклучно возило, управувано од А.С.и паркирано товарно моторно возило „Даф“ со скопски регистарски ознаки.

-Во незгодата А.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза” каде што е задржан на понатамошно лекување, информираат од МВР.