Две лица се тешко повредени во несреќа која се случила вчера попладне на скопската обиколница.
Од МВР информираат дела К.Р.(41) од Скопје управувајќи моторцикл “Хонда ЦБР“ изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот и сопатникот Г.С.(42) од Скопје и биле пренесени во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош, посочуваат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.