Тешка сообраќајка на скопска обиколница, повредени две лица

Две лица се тешко повредени во несреќа која се случила вчера попладне на скопската обиколница.

Од МВР информираат дела К.Р.(41) од Скопје управувајќи моторцикл “Хонда ЦБР“ изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот и сопатникот Г.С.(42) од Скопје и биле пренесени во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош, посочуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.