Тешка сообраќајка на патот Струга-Дебар: Две лица завршија во болница

Вчера во 07.20 часот била пријавена сообраќајна несреќа на регионалниот пат Струга-Дебар, при што две лица се повредени.

Како што информира МВР, вчера во 07.20 часот на патот Струга-Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патнички возила „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(61) од Струга и „опел“ со охридски регистарски ознаки, управуван од М.М.(44) од Охрид.

-Со тешки телесни повреди се здобила С.Т.(43) од Охрид, сопатничка во возилото „опел“, додека со телесни повреди се здобила, исто така, сопатничката од возилото „опел“ К.Б.Р.(43) од Охрид, констатирани во болницата Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга, соопштија од МВР.