Тешка сообраќајка на Партизанска, се судрија Голф и БМВ

Тешка сообраќајна незгода се случи попладнево на булеварот Партизански одреди во непосредна близина на слаткарата Палма. Во неа учествувале две возила, Голф и БМВ со скопски регистарски таблички.

Според првичните информации во неа нема повредени, а очевидци сведочат дека причината за несреќата е првенство за движење во сообраќајот