Тешка сообраќајка на магистралниот пат Скопје-Приштина, ова се сите детали


На магистралниот пат Скопје-Приштина кај приклучокот од обиколница на град Скопје, вчера, се случи сообраќајна несреќа  во која со тешки телесни повреди се здоби 50-годишен маж.

Според првичните информации добиени од МВР, сообраќајката се случила помеѓу товарно моторно возило “даф“ со приколка со турски национални ознаки, управувано од М.К.(58) од Турција, и патничко моторно возило “фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.К.(50) од с.Блаце-скопско. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Х.К. констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. 

На местото на несреќата беше извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.