Тешка сообраќајка на излезот од Скопје, три возила целосно уништени

Три возила се целосно уништени во сообраќајната несреќа која се случила синоќа на влез на Скопје. Несреќата се случила на автопатот на влезот на Скопје во Ченто, кај сервис „Колевски“.

Според очевидци, неколку повредени лежеле на патот, а полиција и Брза помош подоцна пристигнале на местото на несреќата. Луѓе со блиц од мобилни телефони им сигнализирале на возилата што доаѓале за да ги предупредат на несреќата.