Тешка сообраќајка на Илинденска, ова се деталите

Сообраќајна несреќа меѓу две возила се случи вчеравечер околу 19 часот на булеварот „Илинденска“, пред кафе бар Трибека.

Во несреќата, едно лице е потешко повредено, а две други лица се со полесни повреди и сите се пренесени во болница.

Еден автомобил бил забиен во билборд на тротоарот.

Улицата Илинденска кај Зоолошката градина на лентата која води кон Карпош била затворена за сообраќај три часа поради увидот на МВР, а детални информации се очекуваат во текот на денот.