Тешка сообраќајка на булевар Србија, неколку лица повредени (ФОТО)

Неколку лица се повредени во сообраќајна несреќа утрово во Скопје, дознава 24 Инфо.

Според очевидци, во несреќата се повредени неколку лица, кои со возила на Итната помош се пренесени во болници.

Во судирот учествувале комби и автомобил. Судирот се случил на крстосницата од булаварите Србија и Трета македонска бригада.

Од МВР со детали за сообраќајката ќе има во текот на денот.