Тешка сообраќајна незгода се случила утрово околу 11 часот, на автоптот Скопје-Тетово, после наплатната рампа Глумово.
При несреќата, превртен е автомобил „голф“ со тетовски регистарски таблички, а едно лице е повредено и пренесено во тетовската болница.
Полицијата во моментот врши увид.Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Фото: Нетпрес