Тешка сообраќајка кај тунелот, во близина на Катланово

На делницата од автопатот од Велес кон Скопје во непосредна близина на Катланово, на неколку стотина метри по излегувањето од тунелот, се случила тешка сообраќајна несреќа.

Според ппрвичните информации, во несреќата учествувале три автомобили со странски регистарски таблички. 

Едно од возилата е извртено на покривот. Причинета е голема материјална штета, а непознато е со какви последици поминале патниците од автомобилите кои биле во незгодата.

Во моментов, на овој дел од автопатот е успорено движењето. На местото пристигнаа екипи на МВР и го обезбедуваат одвивањето на сообраќајот.

Моментално се очекуваат да пристигнат увидната екипа и брзата помош.

Повеќе информации од МВР ќе следуваат по извршениот увид на местото на настанот.