Тешка сообраќајка кај „Ленинова“, повреден мотоциклист

Сообраќајна несреќа во која едно лице е повредено се случила вчера во 14.50 часот на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“ и ул.„Аминта Трети“.

Во несреќата, информира МВР, учествувале автомобил „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(28) од Скопје и мопед „пјаџо“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.(59) од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.