Тешка сообраќајка кај Глумово: Повредени две деца и тројца возрасни

Вчеравечер се случила сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје во која се повредени повеќе лица,  меѓу кои и две деца. 

- На 14.07.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на наплатна рампа Глумово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(33) од Скопје и возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишната Л.А. од село Патишка Река, скопско, појаснуваат од полицијата. 

Оттаму додаваат дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, сопатникот М.А.(24) и уште една малолетна сопатничка од возилото „фолксваген голф“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.