Тешка сообраќајка кај езеро Треска, повредени жена и две деца

Три лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 16 часот се случила на локалниот пат село Сарај-село Глумово, наспроти езеро „Треска“.

Спорд информциите од МВР, патничко возило „Форд КА“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Р. (27) од Скопје, излетало од коловозот и се превртело.

-Притоа, со тешки телесни повреди се здобила З.Р., додека со телесни повреди се здобиле две деца-сопатници на возраст од 16 и девет години.  Со друго возило тие биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од полицијата.

По укажаната помош З.Р. била задржана на понатамошно лекување, додека децата биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.