Тешка сообраќајка: Автомобил се преврте на кров - девојче итно однесено на Клиника

На автопатот Скопје – Тетово, вчера утрината околу 09:50 часот кај мостот на река „Вардар“, 52-годишниот Ш.С. од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки излегол надвор од коловозот, удрил во бетонска ограда од мостот, по што се превртел на кров

По незгодата 16 годишна сопатничка од Скопје со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клинички центар Тетово, каде и се констатирани тешки телесни повреди  и по укажаната лекарска помош е префрлена во Комплекс клиники „Мајка Тереза". Извршен е увид на местото на настанот.