Тешка несреќа со повеќе возила, сообраќајот блокиран кај Гостивар

Попладнево во 15:56 часот во ОВР Гостивар била пријавена тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар. Во несреќата учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила, а според првичните информации пет лица се повредени. 

„Сообраќајот на овој дел од магистралниот пат е во целосен прекин, а полициски службеници од ОВР Гостивар го пренасочуваат по споредни локални патишта – преку Прогрес каменолом и Панорама кај Вруток,“ информираа од МВР.

Повеќе детали за причините и околностите на несреќата се очекуваат по завршувањето на увидот.