Тешка кражба во два стана во Центар

Г.Ј. (41) вчера попладне пријавил дека истиот ден во времето од 8 до 16:30 часот, непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот стан ул. “Св. Кирил и Методиј“.

-Сторителот делувал на заедничката влезна врата од ходникот преку кој се доаѓало до станот на пријавителот и станот сопственост на Л.Ш. Потоа насилно делувал на влезната врата од станот на пријавителот, влегол внатре и одзел пари, околу 500 евра и разновиден златен накит стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 120.000 денари, информираат од МВР.

Откако го напуштил станот се упатил во станот на Л.Ш., и одзел околу 12.000 евра и златен женски часовник по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 800.000 денари.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.