
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Палатата на Србија изјави дека пред српскиот парламент се случил терористички чин.
„Јас сум првиот што зборува и се извинувам што ќе морам да го напуштам овој прекрасен состанок. Причината е терористичкиот чин што се случи пред српскиот парламент, па ќе морам да се занимавам со други работи“, рече претседателот на Србија на состанокот по повод потпишувањето договор за распределба на средства за купување селска куќа“, јавуваат српските медиуми.
Претходно денес, пожар избувна пред српскиот парламент кратко по 10 часот наутро, а пред тоа се слушнаа истрели. Во меѓувреме, едно лице е уапсено.
Според првичните информации, пожарот зафатил шатор поставен пред зградата на Српското народно собрание.
За пожарот пред пред Српското народно собрание во паркот, објави и опозициската политичарка Мариника Тепиќ.
Таа вели дека најпрвин се слушнало пукање по што избувнал пожар.
Министерството за внатрешни работи на Србија потврди за порталот „Нова.рс“ дека пожарот пријавен во 10.17 часот во меѓувреме е локализиран.
Пожарникарите и полицијата сè уште се на терен, а причината за пожарот ќе се утврди со истрага.
Српската радиотелевизија (РТС) неофицијално објави дека причина за пожарот е боца со гас.
Белградската полиција го уапсила В. А. под сомнение дека ранил маж во паркот „Пионирски“, извести „Телеграф.рс“.