Теренски работни активности на водоводна и канализациона мрежа

Екипите на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, во текот на вчерашниот ден покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани, но и нормална и непречена функционалност на атмосферската и фекалната канализациона мрежа.

- Се спроведоа активности за отстранување на дефекти на водоводната мрежа на бул. Видое Смилевски Бато, ул. Лука Ѓеров 5/1, Гостиварска 6, ул.1550, Бел Камен 21, но и за реконструкција на водоводна линија на ул. Димо Хаџи Димов, информира ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.

Истовремено се спроведоа и активности за рачно чистење на сливници и одзатнување на сливници со цистерна под притисок и вакуум во Ѓорче Петров, контрола на шахти и површинско чистење на сливници на ул. Михаил Чаков и рачно чистење на сливници на ул. Коце Металец.