Терапија на радост: Нов тренд кој треба да го применуваме секојдневно

Ако треба да кажете само еден збор за 2022, што би рекле?

Photo by Peter Conlan on Unsplash

Тага, хаос, неизвесност?

Според Американското биро за национална статистика, 2022 е најтажната година во историјата. Но, се чини дека сите ние се трудиме да живееме подобро во 2023 година.

Софи Клиф е познат психолог и автор на книгата „Изберете радост“. Таа вели дека радоста е клучна за да живееме исполнет живот. Нејзиниот став е дека не чекаме, односно не треба да чекаме да вежбаме кога имаме потреба од тоа или пак не јадеме зеленчук, овошје и супи само кога сме болни. Истото се однесува и на среќата.

Ако знаеме дека постојат нешта кои ни носат радост во нашиот живот, тогаш не треба да чекаме, туку треба проактивно да ги применуваме во нашиот живот. Тоа не само што ни помага да бидеме среќни на подолг рок, туку и ни помага да го подобриме своето здравје, да имаме подобар однос со нашите блиски и да бидеме поуспешни на работното место.

Но, како можеме да се научиме себеси да најдеме радост на дневно ниво? Одговорот лежи во навиките. Важно е да забележиме како одредена активност прави да се чувствуваме и постојано да го имаме на ум тоа. Клучно е да запишуваме какво чувство имаме од таквата активност и дека сме благодарни за малите нешта кои ги добиваме низ неа, или пак преку различни активности и мали нешта во текот на денот.

Негативните емоции се дел од нашиот живот и ние не можеме да бегаме од нив. Но, кога се чувствуваме среќно, добро е да забележиме дека тоа чувство доаѓа од нешто во нашиот живот.

Секако, секој од нас е среќен на различен начин и сите ние имаме различни причини за среќа – од вкусот на првото кафе наутро, омилената песна, пешачењето на кеј или пак омилената серија. Важно е само да го правиме и повторуваме со намера, она што ни носи радост!