
Низа инциденти во Скопје изминатиото деноноќие пријавени во полиција.
Физички напади и пресметки, насилни кражби...еве што е забележано во полицискиот билтен.
Вчера во 02.15 часот во СВР Скопје, Л.Ј.(18) од Скопје пријавил дека во 01.00 часот во Градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од Е.Ш.(27) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
- На 01.06.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, Т.Ј.(53) од Скопје пријавил дека околу 11.50 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила му го одзело паричникот со лични документи и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- На 01.06.2025 во 18.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.З.(44) од село Инџиково, скопско и И.М.(40) од с.Белица, општина Македонски Брод, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
- На 01.06.2025 во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 34-годишната М.Д. и Н.Д.(41), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.