Тепачки во Аеродром и во Ѓорче Петров, интервенирала полицијата

Завчера едно лице од Скопје пријавило дека било нападнато пред угостителски објект во Аеродром. Во одделен случај физичка пресметка имало во Ѓорче Петров каде жена била нападната поради недоразбирање во сообраќајот. 

- На 18.05.2023 во 00.35 часот во Полициската станица Аеродром, М.В.(49) од Скопје пријавил дека на 17.05.2023 околу 22.00 часот, во близина на угостителски објект на подрачје на Аеродром, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, извести вчера МВР. 

- На 17.05.2023 во 18.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Н.А.(33) од с.Грчец, скопско, пријавила дека околу 16.45 часот на крстосница на подрачје на Ѓорче Петров, по претходна расправија во сообраќајот, била физички нападната од две женски лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во полицискиот билтен за другиот случај.