Тепачка за паркинг место во населба Аеродром

На булеварот “Јане Сандански” во населбата Аеродром, на паркинг дошло до тепачка меѓу неколкумина.

Според информациите, до тепачката дошло кога на 53-годишен жител на Арачиново, кој бил во неговиот автомобил заедно со 36-годишна пријателка од Скопје, им бил попречен патот од друго возило, бидејќи истиот подолго време се задржал на паркингот и возилата позади него започнале да свират.

Откако Н.С. излегол од возилото со неговата пријателка по куса расправија настанала тепачка помеѓу нив од една страна и Д.П.(29), М.П.(33) и В.П.(47) сите од Куманово од друга страна.

На В.П. ѝ била укажана лекарска помош од страна на лекар од Итна медицинска помош. По преземени мерки, против лицата се издадени записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.