Тепачка во угостителски објект на улица „Кеј 13-ти Ноември“

Утринава во 1:40 часот Д.Р.(47) од Скопје пријавил дека на вчера во 22:30 часот во угостителски објект на улица „Кеј 13-ти Ноември“, по претходна вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу четири непознати лица. 

Потоа лицата излегле од објектот, при што го скршиле стаклото од влезната врата.

По преземени мерки, од страна на полициски службеници, бил приведен Ј.Ш.(39) од Црна Гора, a се преземаат мерки и активности за пронаоѓање и на другите лица.  За настанот е известен јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот.