Тепачка во средно училиште во Скопје

Во текот на вчерашниот ден, за време на одморот во средното училиште „8-ми септември“ дошло до пресметка помеѓу учениците. 

Имено, тројца ученици на 16 и 17 годишна возраст нападнале нивен соученик, исто така 17 годишник. Нападнатиот бил пренесен во Градската болница „Св.Наум Охридски“ за да му се укаже лекарска помош. 

Полицијата поднесе пријава за нарушување на јавен ред и мир против напаѓачите. Се превземаат мерки за понатамошно расчистување на случајот.